И босански војници на мисија во Авганистан

Илустрација: Босански војници.

Босанскиот Парламент денеска ја потврди одлуката на Претседателството за учество на единици на Воената полиција на Вооружените сили на БиХ во меѓународни операции во Авганистан. Во операциите ќе учествуваат 26 припадници на босанските безбедносни сили. Станува збор за прва борбена операција на меѓународните сили во која ќе учествуваат и војници на БиХ.