Жерар Депардие доби руско државјанство

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпишал декрет со кој му се дава руско државјанство на францускиот актер Жерар Депардие. Иако не е познато дали Депардие барал руски пасош, Путин во минатиот месец изјави дека е добредојден. Францускиот весник Монд објави дека Депардие им изјавил на некои негови пријатели оти има намера да се пресели во Белгија, каде што има куќа, поради даночни несогласувања со француската влада, или пак во Црна Гора или Русија. Францускиот претседател Франсоа Оланд планира да воведе оданочување од 75 насто за оние французи што заработуваат над милион евра.