Американскиот буџетски дефицит сеуште опасност за економијата

Белата Куќа соопшти дека претседателот Барак Обама го потпиша законот со кој е избегнат фискалниот амбис. Компромисот беше изгласан во двата дома на Конгресот на први јануари и со тоа се зголемени даночните стапки за богатите американци, а продолжуваат даночните олеснувања за средната класа. Сепак, Меѓународниот Монетарен Фонд и агенциите Мудис и Стандард и Пурс предупредија дека американската економија останува потенцијално нестабилна се додека не бидат превземени сериозни мерки за намалување на огромнит дефицит, кој изнесува околу 16,4 билиони долари.