Во Македонија над 245 илјади невработени

илустрација

Најновите податоци на Агенцијата за вработување на Македонија покажуват дека во државата има 245.122 невработени лица. Во однос на октомври 2012 година бројот на невработени е намален за 1.719 лица, а во однос на ноември 2011 година намалувањето е за 38.114 лица. Податоците покажуваат дека најмногу невработени има во Скопје 48.451 лице, следи Тетово со 21.311 и Куманово со 19.671. Најмал број невработени се евидентирани во Демир Хисар, 1.616 лица.