Во Грција разбиена мрежа за шверц со дрога

Грчката полиција разбила албанско грчка мрежа за шверц со дрога при што биле уапсени 28 лица, меѓу кои и тројца полицајци. Еден од уапсените полицајци бил и шефот на службата за борба против илегалната трговија со дрога во полицијата во градот Волос, додека другите двајца биле високи полициски службеници во Солун и Агринио. Мрежата функционирала под заштита на уапсените полицајци кои за високи суми пари ги предупредувале криминалците кога се подготвуваат полициски акции. Полицајците исто така вршеле притисок врз сведоци кои пријавувале случаи со препродавање на дрога. При претрес во нивните домови биле пронајдени многу пари и поголемо количество дрога.