Над 1000 возила запалени во Франција

Француските власти соопштија дека 1200 паркирани автомобили биле запалени за време на прославата на нова година низ земјата. Министерот за внатрешни работи Мануел Валс изјави дека вандали се виновни за инцидентите додавајки дека полицијата се судрила со демонстранти во Стралзбург, каде биле уапсени 339 лица. Станува збор за прво обелоденување на вакви инциденти во изминативе неколку години. Поранешната влада на чело со Николас Саркози не правеше вакви објави со цел да не се охрабруваат вандалите.