Папата се помоли за мир во 2013

Папата Бенедик Шеснаесетти денеска се молеше за мир во 2013 година наспроти нееднаквостите, тероризмот и „нерегулираниот финансиски капитализам“. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа новогодишната миса во Базиликата Свети Петар во Рим и го одбележа Светскиот ден на мирот. Папата рече дека е уверен оти наспроти тероризмот и криминалот како и нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните, светот е богат поради бројните залагања за мир.