Вељаноски - Ќе направам сè Собранието да функционира во полн состав

Архивска фотографија: Координативна средба кај претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска во новогодишното обраќање рече дека верува дека во 2013 година Македонија ќе има капацитет, знаење и волја да одговори на сите предизвици.

„Согласно надлежностите ќе направам сè Парламентот во 2013 година да функционира непречено, во полн состав, со толеранција и почитување на политичките разлики“, стои во честитката од спикерот Вељаноски.