Најмалку 10 загинати во серија експлозии во Ирак

Архивска фотографија.

Најмалку 10 луѓе загинаа, а десетици други се ранети во серија експлозии ширум Ирак. Седум луѓе од исто семејство загинаа кога граната ги погоди нивните домови во градот Мусајаб јужно од Багдад. Властите велат дека луѓето веројатно се нападнати затоа што биле шиити. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.