Ештон - Дачиќ и Тачи ќе разговараат за северот на Косово

Архивска фотографија: Косовскиот премиер Хашим Тачи, Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и премиерот на Србија, Ивица Дачиќ во Брисел.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави дека премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи на состанокот на 17 јануари во Брисел ќе разговараат за северот на Косово. Во интервју за Коха диторе, Ештон вели дека тие ќе разговараат за напредокот кој е остварен во примена на досегашните договори, особено договорот за интегрирано управување со граничните премини. Таа додава дека поделба на Косово не е опција.