Седуммина ранети во експлозија на бомба во автобус на Филипини

Архивска фотографија: Илустрација.

Најмалку седум луѓе се ранети во експлозија на бомба во автобус на Филипините. Полицијата соопшти дека импровизираната бомба била закачена на задниот дел на автобусот. Бомбата експлодирала кога автобусот поминувал низ градот Исулан. Од силината на експлозијата биле искршени прозорците и на друг авотобус во близина при што биле повредени возачот и двајца патници. Меѓу повредените има и четворица пешаци.