Најмалку 19 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 19 луѓе загинаа, а 15 се повредени во експлозија на подметната бомба во автобус што превезувал шиитски аџии во Пакистан. Нападот се случил во провинцијата Балучистан. Властите велат дека бомбата била активирана со далечински управувач.