Поради нарушена безбедност, откажан летот за Алепо

Официјалните претставници на египетскиот аеродром соопштија дека сириската национална авиокомпанија го откажала летот за Алепо поради судири во близина на градскиот аеродром. Авионот требало прво да слета во Алепо, а потоа да продолжи во Дамаск, но наместо тоа летал директно во главниот град, поради влошување на безбедносната ситуација во близина на аеродромот во Алепо.
Засега нема коментар од сириската влада и авиокомпанијата.