Несреќа на московскиот аеродром

Две лица се мртви, а десет повредени во принудното слетување на авион на московскиот аеродром, пренесуваат руските медиуми. Според првичните информации, авионот се запалил при слетувањето. Авионот Тупољев 204 кој доаѓал од Чешка, поради принудното слетување скршнал од пистата и завршил на најблискиот автопат пришто се скршил и се запалил. Министерството за вонредни ситуации наведе дека во авионот имало 12 лица. Други детали за несреќата не се соопштуваат.