Поплави во Бодрум

Обилните дождови предизвикаа поплави во турското летувалиште Бодрум, округ Мугла. Надојдените води го блокираа сообраќајот во градот.

Многу домови и канцеларии во Бодрум се поплавени, а граѓаните со кофи ја исфрлаат водата од објектите.

Според метеоролшката прогноза поројните дождови ќе продолжат да паѓаат во округот Мугла и во соседниот округ Анталија, додека во северниот егејски регион ќе дува силен ветер.