Николиќ ги "реши" српските проблеми, па се нуди како посредник за името

Илустрација

Претседателот на Србија Томислав Николиќ се нуди да помогне во спорот за името меѓу Македонија и Грција, кој што го блокира патот на Скопје кон ЕУ.
- Патував во двете држави и разговарав со перетседателите и премиерите. Спорот е голем и ми се чини дека може да биде решен кога и едните и другите би сфатиле дека со тврдоглаво инсистирање нема никаде да стигнат, изјави Николоќ во интервју за српската агенција Бета.
Тој додава дека очекува средба со грчкиот и со македонскиот престедател, кој би бил нивен разговор по подолго време.
- Им реков и на едните и на другите дека стојам на располагање. Балканот повеќе не смее да биде место на судири. Додека ние стоиме другите отидоа далеку напред, изјави српскиот претседател Николиќ.