Кинеските власти ја заоструваат контролата на интернетот

Кинеските законодавци ги одобрија мерките со кои сите корисници на интернет во земјата мора да се регистрираат со вистинските имиња и презимиња и со други податоци за идентификација. Овие мерки се образложени со потребата да бидат заштитени личните податоци и заради заштита на јавниот интерес. Повајдерите на интернет се должни да ги информираат властите за евентуални инкриминирани активности. Активистите за човекови права сметаат дека со оваие мерки, многумина кинези ќе бидат обесхрабрени да постираат информации во врска со корупцијата и прекршувањето на овластувањата на државните службеници.