Поранешна министерка во Аргентина осудена на 4 години затвор

Аргетинската поранешна министерка за економија Фелиса Мисели вчера беше осудена на 4 години казна затвор поради корупција. Таа во 2007 година си поднесе оставка, откако во нејзината канцеларија биле пронајдени 52 илјади долари. Во пресудата е наведено дека е виновна за обид за прикривање на нелегална финансиска зделка и за попречување на правдата со обид да го уништи полицискиот извештај за пронаоѓањето на парите. Покрај затворската казна таа заработи и забрана за вршење на јавна функција во наредни 8 години. Мисели на рочиштата се бранеше со ставот дека парите биле позајмица од нејзиниот брат за купување на недвижен имот.