Франција нема да ја брани централноафриканската влада од бунтовниците

Архивска фотографија: Бангуи, главниот град на Централноафриканската Република.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека француската војска нема да ја брани владата на Централноафриканската Република од бунтовниците кои се повеќе напредуваат кон главниот град Бангуи. Тој рече дека француските војници во Централноафриканската Република ги штитат француските државјани и интереси, а не се таму да „интервенираат во внатрешните работи“ или да го штитат режимот на претседателот Франсоа Бозизе. Претседателот Бозизе ги повика САД и Франција да интервенираат и да ги потиснат бунтовниците кои дојдоа на 75 километри од главниот град. Во Централноафриканската Република, која е поранешна француска колонија, има 250 француски војници како дел од мировна мисија. Франција употреби воени авиони во заштита на Бозизе од бунтовниците во 2006 година. Оланд рече дека „тоа време поминало“.