Новинарите го исвиркаа Вељаноски, а СДСМ на уличен парламент

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Претставниците на медиумите денеска го исвиркаа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со извици „Уа!!!“ ја напуштија галеријата, револтирани од исфрлањето на новинарите од Собранието во понеделникот. Ова се случи во моментот кога Вељаноски ја отвораше седницата за пратенички прашања. Во меѓувреме спроти Собранието, опозициската СДСМ организираше импровизирана улична сесија со прашања до премиерот Груевски.