ВМРО-ДПМНЕ: Заев да поднесе оставка од сите политички функции

Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека потпретседателот на СДСМ Зоран Заев со својата вчерашна изјава „оти допрва ќе има пукање“ го открил насилничкото сценарио на опозициската партија. Побара Заев да се извини на сите граѓани и да поднесе оставка од сите политички функции што ги извршува. Заев, пак, тврди дека не се заканувал со пукање, туку дека мислел на тоа дека власта може да пука во опозицијата.