Новинарите го исвиркаа Вељаноски и ја напуштија собраниската галерија

Македонските новинари го исвиркаа претседателот на парламентот Трајко Вељаноски и демонстративно ја напуштија Галеријата на Собранието, поради протест на насилното исфрлање на новинарите од Собранието на 24 декември 2012.

Претставниците на медиумите денеска го исвиркаа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со извици „Уа!!!“ ја напуштија галеријата, револтирани од исфрлањето на новинарите од Собранието во понеделникот. Ова се случи во моментот кога Вељаноски ја отвораше седницата за пратенички прашања.

ЗНМ го осуди насилното исфрлање на новинарите од Собранието кои, а вчера поднесе и претставка до МВР со барање да се утврди кој е наредбодавачот и кој е одговорен за таквиот однос кон новинарите.

Во меѓувреме, во паркот спорти Собранието пратениците на СДСМ држеа своја седница за пратенички прашања под отворено небо.