Силуваната индијка и натаму во критична состојба

Девојката која била силувана во автобус на јавниот превоз во Њу Делхи што потоа предизвика неколкудневни насилни протести во Индија синоќа била префрлена во Сингапур на натамошен третман. 23 годишната индијка се уште се наоѓала во, како што наведуваат лекарите, екстремно критична здравствена состојба и оти би можело да биде потребна трансплантација на некои органи. За инволвираност во силувањето индиската полиција уапси шест луѓе.