Тачи нема да му ја предаде премиерската функција на Харадинај

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово Рамуш Харадинај и премиерот на Косово Хашим Тачи.

Премиерот на Косово Хашим Тачи изјави дека нема намера функцијата да му ја предаде на лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај. Тачи за приштинскиот весник „Бота сот“ изјави дека ќе остане на функцијата премиер до крајот на својот мандат, односно до новите парламентарни
избори. Тој изјави дека под никакви услови нема да ja стави под прашање функцијата премиер. Неодамна Харадинај изјави дека може да стане премиер уште во текот на јануари и дека тоа е условот неговата партија да влезе во коалиција со Демократската партија на Хашим Тачи.