Кина има најдолга супер-брза пруга во светот

Супер-брз воз во Кина.

Кина ја пушти во употреба најдолгата супер-брза пруга во светот. Далечината од скоро 2.300 километри од Пекинг до Гуангчоу, економски центар во јужна Кина, ќе се поминува за околу осум часа. Возовите ќе се движат со просечна брзина од 300 километри на час и ќе застануваат на 35 попатни станици. Првите возови во двата правци тргнаа изутрината. Државните кинески медиуми соопштија дека со оваа нова пруга, вкупната должина на супер-брзи пруги во Кина надмина 9.300 километри.