Почна извозот на првиот црногорски пиштол

Првиот црногорски пиштол ТМ 9 на компанијата Тара.

Компанијата „Тара“ го извезе првиот контингент црногорски пиштол ТМ 9 во Парагвај, за потребите на полициските сили. Сериското производство на првиот црногорски пиштол почна во ноември, а дотогаш компанијата имаше потпишано три договори за извоз. Вториот контингент црногорски пиштоли за неколку денатреба да биде извезен во Филипини. Прототипот на пиштолот ТМ 9 официјално е претставен на 5 октомври минатата година.