Морси го потпиша новиот египетски устав

Египетскиот претседател Мохамед Морси.

Египетскиот претседател Мохамед Морси го потпиша новиот устав што доби поддршка на референдум. Официјалните резултати од референдумот покажуваат дека уставот го поддржале скоро 64 отсто од граѓаните што излегле на гласање, иако одѕивот беше многу мал. Само една третина од регистрираните 52 милиони изборачи излегоа на гласање. Во меѓувреме, 90 нови членови во Сенатот назначени од Морси положија заклетва. Исламистите имаат мнозинство во парламентот. Секуларната опозиција сè уште не го признава уставот за кој смета дека е премногу исламистички.