Нетанјаху ја почна предизборната кампања

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху официјално ја започна изборната кампања, изјавувајќи дека тој е најподготвениот кандидат за заштита на Израел од заканите од нуклеарната програма на Иран. Во синоќешниот говор во Ерусалим, Нетанјаху истакна дека Иран продолжува да ја развива својата нуклеарна програма. Тој изрази загриженост и од заканите од антиизраелските организации Хезболах и Хамас, како и од нестабилноста на Блискиот Исток предизвикана од радикални исламисти.
Анкетите покажуваат дека партијата Ликуд на Нетанјаху, која ќе настапи заедно со ултранационалистичката Беитену на поранешниот министер за надворешни работи Авигдор Либерман, најверојатно ќе победи на изборите закажани за 22 јануари.