Русија: 123 лица починале од студ

Повеќе од 120 лица го загубија животот од екстремно студеното време во Русија. Според агенцијата Интерфакс, која се повикува на медицински извори, 123 луѓе починале поради изложеност на студ и измрзнатини во претходните 10 дена.
Повеќе од 800 лица се хоспитализирани заради лекување од хипотермија и измрзнатост.
Температурите во некои региони се спуштија и до минус 30 степени, а во Сибир беа регистрирани уште пониски температури.