Груевски жали за исфрлањето новинари од Собранието

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Инциденти и протести пред и во Собрание.

Премиерот Никола Груевски изрази жалење за отстранувањето на новинарите од галеријата на Собранието од каде ја следеа собраниската седница на која требаше да се дебатира за буџетот и истакна оти тоа не требало да се случи.

„Веројатно во целиот тој хаос се донела таква проценка која според мене не требало да се донесе. Меѓутоа се донела таква проценка и се случило тоа што се случило. Најдобро за тоа да се обратите во Парламентот. Се надевам дека на некој начин ќе се најде разбирање односно ќе има дијалог помеѓу луѓето во Парламентот и новинарите“, рече Груевски.