Претседателот Иванов жали за вчерашните случувања во Собранието

Претседателот Ѓорге Иванов изрази жалење за вчерашните случувања во и околу Собранието, кои, како што пишува во соопштението од неговиот кабинет, ги следел со голема загриженост.

„Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми. Но, решенијата мора да се наоѓаат во институциите на државата од страна на оние избрани за тоа. Недозволиво е во третата деценија од нашата независност да сведочиме за насилство насочено кон и во демократските институции и уставниот поредок“, вели претседателот Иванов во соопштението.

Тој изрази особено жалење „за немилите сцени со претставниците на медиумите“.

„Секој во оваа држава има должност да го почитува поредокот, уставот и законите и никој во оваа држава не смее да биде попречуван да си ги врши професионалните обврски, било да се тоа претставници на медиумите, народни избраници, овластени службени лица“, се вели во соопшението.