Авионска несреќа во Бурма, 2-ца загинати

Бурмански авион со туристи се урнал денеска при принудното слетување во централна Бурма, при што најмалку 2 лица загинале, а 11 биле повредени. Во авионот имало 63-ца патници и 6-мина членови на екипажот, од кои 51 странци. Според авио-компанијата станувало збор за принудно слетување, но бурманските власти соопштија дека плотот ја промашил пистата поради густата магла.