Египетските судии ги истражуваат жалбите за нерегуларности за време на референдумот за новиот устав, пред изборните власти да ги објават конечните резултати. Тоа може да го одложи објавувањето на резултатите кое требаше да случи за денес. Новиот устав е поддржан од исламистите на претседателот Мохамед Морси. Опозицијата критикува дека уставот е премногу исламистички. Според неофицијалните резултати објавени од Муслиманското братство, за новиот устав гласале 64 отсто од граѓаните, но излезноста беше мала. На референдумот гласаше само една третина од регистритраните избирачи. Опозицијата се жали дека референдумот бил фалсификувани.