Почна собраниската седница за буџетот

Архивска фотографија

Во Собранието започна 49-собраниска седница на која на дневен ред е ставен и предлог буџетот за следната година. Околу 40 специјалци влегоа во собрание и ги отстранија пратениците од опозицијата кои претходно ја запоседнале собраниската говорница во обид да спречат да се расправа за буџетот. Во обидите да се остранат опозициските пратеници се повредени пратеничката Радмила Шеќеринска и пратеникот Митре Вељановски од СДСМ. На почетокот на седницата претседателот Трајко Вељаноски рече дека имало обиди и тој да биде повреден, а уништена е и техниката во Собранието, па собрансикиот пренос десетина минути одеше без тон. Седницата се одвива без присуство на новинари кои претходно беа остранети од редарската служба. На отстранувањето на новинарите реагираат од ЗНМ од МИМ и од Самостојниот синдикат на новинари. Во меѓувреме зоврива и пред Собранието, каде на неколку места имаше инциденти.