Индија купува руски воени авиони за три милијарди долари

Архивска фотографија: Рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Манмохан Синг.

Индија склучила два договори за набавка на воени авиони и хелихоптери од Русија во вредност од околу три милијарди долари за време на денешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Њу Делхи. Едниот договор е за набавка на воени хелихоптери, а другиот за набавка на борбени авиони Сухој Су-30Мки. Се очекува, индискиот премиер Манмохан Синг и Путин да потпишат договори за трговија, енергија и технологија. Индија најчесто купува оружје од Русија, но Москва во последно време изгуби многу зделеки вредни милијарди долари што ги добија компании од западните земји.