Инцидент во Собранието, врие меѓу власта и опозицијата

Буџетска драма - Протести, камења и тензии пред Собранието

Инцидент се случи денеска во Собранието кога пратениците од опозицијата да спречат претседателот Трајко Вељаноски да ја почне седницата на која треба да се гласа за буџетот за 2013 година. Вељаноски бил опколен од опозицијата поради што морало да интервенирало собраниското обезбедување. По мешаницата Вељаноски излегол од салата, а лекарска помош побарале пратеничките Весна Бендевска и Билјана Казанџиска од СДСМ. Опозицијата ја запоседна собраниската говорница.

Во меѓувреме полицијата спречи поголем инцидент меѓу двете групи кои протестираат пред Собранието. Цело време има ситни инциденти меѓу двете групи, но во еден момент од двете страни почнаа да летаат и дрвени палки покрај вообичаеното фрлање пластични шишиња, јаболка и камења.

Полицијата ги раздели групите на поголемо растојание од вообичаеното и со мегафон ги предупредува да не фрлаат едните кон другите.

На едната страна се поддржувачите на власта, а од другата страна се собрани симпатизери на СДСМ и ЛДП меѓу кои и најтесното раководство на двете партии.

Довикувањето со погрдни зборови едни против други не престанува.