Јанукович наименува нова украинска влада

Украинскиот претседател Виктор Јанукович

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска наименува нова влада, по разрежувањето на старата по октомвриските парламентарни избори. Министерот за внатрешни работи Виталиј Захаренко и министерот за финансии Јури Колобов повторно се во владата, додека Леонид Козара е нов шеф на украинската дипломатија. Јанукович по изборите во октомври го разреши премиерот Микола Азаров, но потоа повторно го наименува и тоа беше прифатено од парламентот на 13 овој месец. Главна задача на идната влада ќе бидат преговорите со ММФ за помош на Украина која треба на странските кредитори да им исплати долг од над 9 милијарди долари.