Индискиот премиер вети заштита на жените во земјата


Индискиот премиер Манмохан Синг денеска повика на мир и им вети безбедност на жените по неколкудневнте протести во земјата по силувањето на една студентка во еден автобус. „Жалам поради судирот меѓу полицијата и демонстрантите,, изјави тој по инцидентите во кои биле повредени над 100 лица и 60 полицајци. Во Ну Делхи е зголемено полициското присусутво поради можните нови протести, но и поради денешната посета на рускиот претседател Владимир Путин.