Протести и контрапротести пред македонското собрание

Центарот на Скопје е блокиран откако пред Собранието се најавени паралени протести околу донесувањето на буџетот. Владата синоќа го усвои предлогот на буџетот и прифати 44 амандмани со кои се кратат околу 3 милиони евра од буџетот, а опозицискиот СДСМ бара заштеди од 204 милиони евра. По соопштението на владата пред Собранието се собраа лидерите на опозицијата за, како што изјавија, да го спречат ударот врз демократијата во Македонија. Дел од граѓаните под мотото „Фронт на народот, фронт на Македонија“ најави протест против опозициските блокади за донесување на буџетот. Се очекува дополнетиот буџет да се најде на пленарна седница деновиве.