Средба на шефовите на дипломатските претставништва

министерот за надворешни работи на РМ Никола Попоски

Во Министерството за надворешни работи денеска и утре ќе се одржи редовен состанок со шефовите на дипломатско конзуларните претставништва на Македонија. Планирано е да се направи резиме за најважните случувања во текот на оваа година, а ќе бидат дадени насоки и инструкции за активностите во однос на надворешно политичките приоритети во идната година.