Владата со нов предлог Буџет, опозицијата на улица

Лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски во синоќешното обраќање пред Собранието најави продолжување на собирот пред Собранието на Република Македонија во 8.30 изутринава во знак на поддршка на пратениците од опозицијата кои ноќта ја поминаа во Собранието со намера да спречат власта да го донесе Буџетот за 2013 година. На синоќешната седница Владата го усвои дополнетиот предлог на Буџетот за 2013 година и го достави до Собранието. Се очекува предлогот да биде ставен на дневен ред на денешната седница на Собранието.