Чиле:опасност од ерупција на вулкан

Властите во Чиле го вклучија црвениот аларм за областа околу вулканот Копахуа откако сеизмичката активност покажа дека може да се случи ерупција. Вулканот Копахуа кој се наоѓа на 2995 метри височина се наоѓа во близина на границата со Аргентина. Во саботата вулканот почна да испушта пепел и гасови.Геолошката служба на Чиле рече дека мала ерупција веќе се случила но пoстои загриженост од поголема.