Погребан секуларниот пакистански министер убиен од талибанците

Пакистанскиот провинциски министер Башир Билур, кој беше убиен во бомбашки напад од талибанците.

Пакистанскиот провинциски министер Башир Билур, кој беше убиен во бомбашки напад од талибанците, денеска беше погребан во Пешавар. Илјадници луѓе се собраа да му оддадат последна почит на министерот во провинцијата Кибер Пахтунква. Тој беше убиен вчера заедно со осуммина други луѓе кога бомбаш-самоубиец ја активираше бомбата за време на еден политички собир. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Тие често напаѓаат секуларни политичари.