Грција планира да собере две милијарди евра од сметки во странство

Грција планира да собере две милијарди евра во форма на даноци и казни од грчки државјани со сметки во странство, пренесуваат грчките медиуми. Според податоци на грчкото Министерство за финансии околу 22.000 грчки даночни обврзници префрлиле во странство огромни суми на пари за време на кризата. Грците со сметки во странство ќе треба да го објаснат потеклото на финансиските средства и постои можност тие да бидат парично казнети поради даночни прекршоци.