САД му подари два воени брода на Ирак

Илустрација.

Американската морнарица му подари два 60-метарски бродови за поддршка на Ирак. Во изјавата на американската амбасада во Багдад се наведува дека бродовите му биле предадени на Ирак на 20 декември под условите од билатералниот стратешки рамковен договор. Бродовите ќе се користат за зголемување на безбедноста во ирачките територијални води, но може да обезбедат поддршка и при случаи на излевање нафта и други итни случаи. Месецов САД му подари на Ирак и три транспортни авиони Ц-130Ј, а амбасадата во Багдад соопшти дека во „блиска иднина“ се планирани уште три вакви авиони за Ирак.