Лавров: сириското оружје засега е безбедно

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека сириското хемиско оружје засега е безбедно и под контрола на владата. Лавров рече и дека „ниту една страна нема да победи“ во војната во Сирија како и тоа дека сирискиот претседател Башар ал Асад нема да се повлече дури и под притисок на Москва или Брисел. Лавров исто така рече и дека и покрај молбите на неколку земји, Москва нема да му понуди азил на Асад доколку тој ја напушти Сирија како и тоа дека „западните спонзори“ на опозицијата ја губат контролата над неа.