Ставревски:буџетот ќе се донесе годинава

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, изјави оти очекува дека буџетот за 2013 сепак ќе се донесе до крајот на годината. Коментирајќи ги случувањата во Собранието при отварањето на нова млекара во Свети Николе , тој рече дека Владата нема намера да ги прифаќа уцените од опозицијата.
„Покажавме висока конструктивност. Треба и другата страна да покаже конструктивност. Со ултиматум и уцени не се гради демократија. Опозицијата настојува да ги држи во заложништво и државата и граѓаните и да создаде општ хаос“, рече Ставрески.