Обама го номинираше Кери за нов државен секретар

Американскиот претседател, Барак Обама го номинираше демократскиот сенатор Џон Кери за следен државен секретар на САД. Веста, која Обама ја објави во петокот, доколку биде потврдена од страна на Сенатот, ќе ја замени Хилари Клинтон од Стејт Департментот на нејзино барање. Аналитичарите велат дека кандидатурата на Кери ќе биде лесно потврдена од Сенатот. Кери беше демократски кандидат за претседател во 2004 година.