Работници мигранти убиени на иранската граница

Вооружени напаѓачи убија 11 Пакистанци и еден Авганистанец кои како работници имигранти се обиделе да влезат во Иран на патот кон Европа. Не е познато кој го извршил убиството кое се случило во југоисточниот дел од Пакистан.
Стотици Авганистанци и Пакистанци годишно се обидуваат да ја преминат границата на пат кон Европа но се спречувани од страна на ираските граничари и депортирани назад.