САД: предлог за вооружени стражари во училиштата

Шефот на најголемата американска група која го брани правото за поседување оружје Вејн Лапјер денеска предложи во американските училишта да бидат распоредени вооружени стражари со цел да спречуваат трагедии како во Њутаун, Конектикат кога едно момче уби 20 деца и 6 учителки. „Единствено нешто што може да запре лош човек со оружје е добар човек со оружје“, изјави тој на прес конфренецијата која на два пати беше прекинувана поради протести на присутните.